мени
   

Тијана е родена 03. фебруар 1976. , во Скопје.

Уште во својата петта година запиша музичка школа, а во седма започна да свири виолончело. После школувањето,
учествоваше на неколку републички натпреварувања и освои значајни награди..

Свиреше во Македонската филхармонија, a истотака и во еден од најпопуларните меѓународни оркестри во Лајпциг.

Diplomirala je 1999. godine, na Muzičkoj akademiji u Skoplju, odsek - violončelo.

 

Своите способности и таленти ги покажа и како водител на радио и телевизиски емисии,

а исто така се покажа и како одличен глумец во театар.

 

Во средината на 2000 година, започнува да живее и работи во Белград (Србија) каде, година дена покасно,

го издава својот прв албум, под името "Као да.." за издавачката куќа "City Records".

 

Тијана, исто така, беше учесник на многубројни фестивали како што се: "Скопјефест", "Макфест", "Сунчане скале",

"Песма медитерана", "Беовизија" итн.

На фестивалот "Сунчане скале" во 2002. година со песната "Негатив" освои прво место,

по кој и албумот подоцна го доби истото име. На музичкиот фестивал во Будва 2004

година освои трето место, a во 2005 со песната "Све је исто, само њега нема" го освои

првото место. Првото место истотака има и освоено на феситвалот на Радио "S",

со песната "Јулијана".

 

Добитник е на многу годишни награди и признанија, позади себе има четири албуми,

а единствена неостварена желба и е да глуми во некој филм.

 

Тијана е омажена, и со својот сопруг Милан, го имаат синот Вука.

 

"Партијата и заставата никогаш нема да ја менувам - тоа засекогаш ќе биде музика!"

(Тијана Дачевиќ)

 

[назад] Фото: Story

Почетна | Тијана | Албуми | Мултимедиа | Форум | Контакт
Официјален сајт на Тијана Дапчевиќ | Сите права задржани © 2008 - 2010